!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Затворено рочиште за „Тврдина 2“ денеска


       
Скопје, 2 октомври, 2017 - 12:21 (META) 

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, по обвинението на СЈО, кое ги товари поранешниот началник на петтата управа на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски, и шест вработени во Управата за уништување опрема за следење комуникации непосредно откако опозицијата во 2015 година почна да ги објавува „бомбите“.

Грујовски е во бегство од 18 јули, а исто и Никола Бошковски, кој е сведок.

На почетокот на денешното рочиште судијката на барање на одбраната и на обвинителите ја исклучи јавноста од расправата поради изведување доверливи информации.

Претходното рочиште, на 26 септември, се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаа известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на Горан Грујовски.