fbpx

Затворен саудиски блогер е добитник на наградата „Сахаров“

-

Саудиски блогер, кој е во затвор и јавно беше камшикуван поради своите написи, е добитник на наградата „Сахаров“ за слобода на мислење, што ја доделува Европскиот парламент.

Триесет и едногодишниот Раиф Бадави е уапсен во 2012 година и е осуден на 10 години затвор и на 1.000 удари со камшик поради навреда на исламот на интернет.

Првите 50 удари со камшик ги доби јавно во јануари. Остатокот од казната е суспендиран поради здравствени причини, но и поради острите меѓународни осуди.

Европратеникот Тамас Месзериц изјави дека Европа „не смее да молчи поради тортурата или ни за смртните казни за поединците што го изразуваат сопствениот став во Саудиска Арабија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...