fbpx

Затуроска: Заев остави простор поединци да го негираат идентитетот и да се закануваат

-

Со одбивањето да ја отфрли тиранската платформа, аболираниот криминалец Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија за редефинирање на Македонија, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека на тој начин Заев оставил можност „поединци или групи сè поотворено да го негираат македонскиот идентитет и да испраќаат закани кон Македонија, искажувајќи територијални претензии“.

– Албанската пратеничка Месила Дода е последна во низата кои отворено застанаа против македонските национални интереси. Таа му порача на Зоран Заев дека доколку се повлече од тиранската платформа, треба да се соберат сеалбанските политички сили за да помогнат да се одржел референдум за Илирида – изјави Затуроска.

Според нејзе, „ваквите срамни и недолични изјави се производ на уцените на кои потклекна Зоран Заев само од страв дека тој и криминалното раководство на СДСМ ќе треба да одговараат за кривичните дела што ги сториле“.

– Пазарењето со националните интереси е најнизок и најсрамен чин. Зоран Заев мора да собере храброст, да го послуша народот и да ги отфрли уцените. Не може трите потписи на Зијадин Села да бидат поважни од македонскиот идентитет. Срамно е да се соработува со некој кој во лице те негира и ти кажува дека пред 100 години не си ни постоел – додаде Затуроска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...