fbpx

Затуроска: Одложувањето на СДСМ да се соочи со народот го зголемува револтот кај граѓаните

-

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката Лилјана Затуроска денеска повторно го повика парламентарното мнозинство веднаш да обезбеди услови за продолжувањето на мандатот на локалната власт и да не ги одлагаат локалните избори. Тоа, според Затуроска, е неопходно за да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и потребите на општините, да продолжат нормално да функционираат како сервис на народот, кој може да ги решава секојдневните комунални и инфраструктурни барања.

Таа му порача на СДСМ дека „секое одложување да се соочи со народот само дополнително ја продлабочува политичката криза во државата и го зголемува револтот на граѓаните кон нивните незаконски, неуставни и, пред сè, антидржавни чекори кои ги преземаат во континуитет“ и го повтори повикот на нејзината партија заедно со локалните да се организираат и предвремени парламентарни избори.

– ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека народот заслужува да биде прашан што мисли за постизборната измама преточена во тиранската платформа. Доколку парламентарното мнозинство се охрабри, во истиот термин со локалните избори би можеле да се одржат и нови парламентарни избори, на кои граѓаните не само што ќе ја изберат својата локална власт, туку ќе имаат можност да го кажат својот став и за последните политички случувања и за постизборните измами што СДС им ги приреди – рече Затуроска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...