fbpx

Застана работата во рудникот Тораница

-

Во рудникот на еден од најбогатите Британци, Гокул Бинани, се чека уплата на приднесите од платата за јуни, поради што рударите не можат да користат здравствена заштита. Веќе шести ден рударите од Тораница целосно или делумно ја прекинуваат работата, како предупредување до раководството. Во петокот тие воопшто не влегле во јамите, а така било и во текот на викендот, потврди синдикатот, додека во изминатите три дена работела само првата смена.

Вчера и во текот на ноќта, само дел од рударите влегле во јамите. Претседателот на синдикатот, Бранко Димитровски, вели дека рударите не добиле целосна исплата на јунската плата со придонесите.

– Особено проблематично е здравственото осигурување, кое го немаме, бидејќи не се платени придонесите – вели Димитровски.

Од раководството на рудникот ветиле дека денеска ќе ги уплатат придонесите. Меѓутоа, за рударите кои работат за околу 250 евра месечно, иако ова е еден од најакутните проблеми, набројуваат уште неколку за решавање. Проблем, според синдикатот, се условите за работа. Бараат современа механизација и репороматеријали, а проблематично е и обезбедувањето на јамата, односно местото каде работат, поради што во минатото имаше и неколку рударски несреќи. Недостига и соодветна заштитна опрема.

Со сопственикот Гокул Бинани лично синдикатот годинава се сретнал неколкупати. Последен пат се сретнале во јуни, кога Бинани ветил дека во август ќе почнат првите инвестиции. Британскиот бизнисмен од индиско потекло, кој го презеде рудникот во 2006 година, никогаш не влегол во една од јамите да ги види условите за работа. Последната година лично се ангажирал околу рудникот, откако стигнаа неофицијални информации дека македонската влада најавува раскинување на концесионерскиот договор со Бинани. Дека нешто се случува со рудниците дадени на странски концесионери, потврдува и веста дека во успешниот рудник Саса управуван од руската компанија „Солвеј“, влегува американски капитал со преземање на поголем дел од управувачкиот капитал, во што се ангажирала Владата.

За синдикатот во рудникот Тораница, најважно е да се решат нивните основни барања, како што се платите и условите за работа, кои деновиве, вторпат летово, ги принудија на прекин на работата.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...