fbpx

Заштитениот сведок препозна неколкумина од обвинетите во „Монструм“

-

Заштитениот сведок кој беше сослушан преку камера од друга просторија на денешното рочиште за случајот „Монструм“ на СЈО со модифициран глас кажа дека си останува на исказот даден на претходна постапка и препозна тројца од обвинетите.

Сведокот рече дека од 30 сантиметри до 30 метри далечина, во неколку наврати, секој ден пред да се случат убистватат ги гледал на местото Фејзи Аџири, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута, кои денес директно ги опиша и ги посочи во судницата. Лицето со брада што го гледал исто така, не е овде, рече сведокот.

На прашање од обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, тој рече дека за настанот дознал од медиумите и сам од морални причини се пријавил во полиција за да каже што знае.

Сведокот кажа дека три-четири дена пред настанот видел четири лица со црн „Голф 3“ со затемнети стакла на местото на настанот. Посочи дека имало црн висок човек, едниот имал лузна на левата страна, друг бил ќелав, еден на 50-тина години, а друг на 35-6 години.

Прашан како се однесувале, рече „нормално како сите луѓе“. Последен пат ги видел на 12 април. Обвинителката Фетаи му посочи дека има разлики во исказите во однос на времињата дадени претходно и сега, на што сведокот одговори дека поминало многу време и оти не се сеќава.

Заштитениот сведок рече дека вршел препознавање во обвинителство, каде му биле покажани фотографии, без притисоци и закани.

Фетаи побара од сведокот да каже дали препознава некој од тие што ги видел на местото на настанот сега да се присутни во судницата. Препозна неколкумина и ги опиша, по што обвинителката Фетаи ги посочи Агим Исмаиловиќ и Самир Љута.

Фетаи побара Самир Љута да стане, на што сведокот кажа дека е 100 отсто сигурен дека е тоа лицето со лузна. Прашан од која далечина ги видел овие лица, кажа дека секогаш различно и дека ги имал видено од пет метри до еден метар близина.

Сведокот тврди дека ги видел на местото и на 12 април 2012, еден час пред убиството, истите овие луѓе што ги гледал секој ден, претходните 3-4 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...