fbpx

Засега нема преговори за медиумите

-

Денеска нема нова средба на работните групи на политичките партии кои се обидуваат да постигнат договор за реформи во медиумската сфера.

Кристина Димовска, асистентката на белгискиот посредник Питер Ванхауте, потврди дека засега нема закажано средба на која би посредувал Ванхауте.

– Официјално нема преговори на кои посередува Ванхауте, но ако партиите изразат желба, посредникот нема никаков проблем да продолжи со преговорите – рече асистентката на Ванхауте.

Посредникот вчера неколкупати преку својот профил на „Твитер“ ги повика партиите да продолжат со преговори, но засега нема никакви потврди дека тоа навистина ќе се случи.

Денеска е последниот рок за да се постигне договор во медиумите. Се очекува во текот на денот амбасадорите на Европската унија и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли, да ги соопштат своите оцени за тоа дали се создадени услови за фер избори на 24 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...