Започна седницата на која ќе се гласаат новите министри


       
Скопје, 1 јуни, 2018 - 11:25 (META) 

Tочно една година и помалку од еден ден откако Владата на премиерот Зоран Заев доби мандат од пратениците, во Собранието започна седницата за владината реконструкција. Новите министри треба да бидат изгласани најдоцна до полноќ, а замениците министри најдоцна до утре, но не е исклучено и двете точки да се изгласаат денеска.

Нови министри се Асаф Адеми од Беса за култура, кој доаѓа на местото на Роберт Алаѓозовски, Бардуљ Даути од ДПА, министер без ресор кој доаѓа на местото на Рамиз Мерки, Рената Дескоска ќе го замени Билен Салији во Министерството за правда, а неа во Министерството за образование ќе ја замени досегашниот заменик Арбр Адеми.

За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.

Првата точка на дневниот ред беше распишување оглас за претседател, заменик-претседател и членови на Државната изборна комисија. Одлуката беше изгласана без расправа, со 88 гласови „за“.