fbpx

Запленети три тони експлозив во Турција

-

Турската полиција пронашла три тони експлозив во минибус во источнотурскиот округот Мардин, јавува весникот „Хуриет“. Се претпоставува дека експлозивот бил наменет за Работничката партија на Курдистан (ППК).

Весникот јавува дека полициска патрола, која вршела рутинска контрола, се обидела да го запре минибусот во градот Јешили, но возачот одбил да застане. Полицијата отворила оган кон возилото, стрелајќи во тркалата на возилото.

Минибусот и со дупнати гуми продолжил со бегството, а потоа откако стигнал до една раскрсница, возачот го напушил возилото и побегнал во непознат правец.

Како што соопштуваат од полицијата, при претресот во возилото се пронајдени околу три тони експлозив. Сè уште се трага по возачот, кој е осомничен за тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...