fbpx

Запленети три килограми марихуана и уапсени тројца членови на криминална група

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) запленило околу три килограми марихуана и уапсило тројца членови на организирана криминална група, осомничени за трговија со дрога.

Како што соопштуваат од МВР, кривични пријави се поднесени против пет лица, М.А. (32), А.А. (37) и К.М. (55) од Скопје, Ф.Т. (33) од Струга и Д.Б. (29) од Република Албанија. Двајца од членовите на групата се во бегство.

Осомничените, според полицијата, се товарат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Судија на претходна постапка на тројцата уапсени им одредил мерка притвор од 30 дена.

Организатори на групата, според МВР, биле М.А. и А.А., кои преку осомничениот стружанец пред извесно време стапиле во контакт со албанскиот државјанин, со кој договориле набавка на марихуана по цена од 1.900 евра за еден килограм.

За транспортот на марихуаната бил ангажиран скопјанецот К.М., кој за преносот на пратката требало да добие 300 евра.

„На 5 ноември, К.М. со автомобил „фолксваген поло“ се упатил од Скопје кон Струга и во близина на граничниот премин Ќафасан се сретнал со Д.Б. од Република Албанија, кој му предал една црна најлонска вреќа во која било сместено поголемо пакување обвиткано со најлонска фолија, исполенета со непозната растителна материја. По преземањето на растителната материја, К.М. се упатил кон Скопје, а на дел од патот од Струга до Кичево четвртопријавениот му бил претходница како обезбедување на патот. Околу 20 часот истиот ден, на наплатната рампа кај Тетово, на регионалниот пат Гостивар – Тетово, од полициска патрола било запрено возилото. Полициските службеници извршиле преглед и контрола и притоа во багажниот простор ја пронашле црната најлонска вреќа. Целокупната одземена растителна материја е предадена за испитување и за вештачење, при што било утврдено дека се работи за речиси три килограми марихуана, односно 2,99 килограми од оваа опојна дрога“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...