fbpx

Заплашување гласачи и нетранспарентност на ДИК констатираше ОБСЕ во извештајот

-

Заплашување гласачи, нетранспарентно работење на ДИК, комплексен процес на ажурирање на избирачкиот список и неизбалансирано известување на дел од медимите е констатирано во финалниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за одложените избори за 5 јуни.

Во извештајот, кој е објавен денеска, се вели дека иако биле преземени мерки да се спречат заплашувања и притисоци врз гласачите, многу од соговорниците на мисијата изразувале страв.

– Некои од нив тоа го припишуваа на страв од одмазда што постои во државните компании и институции. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР прими веродостојни тврдења за притисоци врз вработените во јавниот сектор да присуствуваат на контрадемонстрации, вклучувајќи закани за отказ. Ова отвори прашања околу правото на гласачите слободно да го дадат својот глас без страв од одмазда – се вели во извештајот.

Во однос на работата на Државната изборна комисија (ДИК), се наведува дека оваа институција работела во многу тензична атмосфера.

– ДИК успеа да ги исполни административните крајни рокови и одржуваше редовни состаноци. И покрај правната обврска состаноците да бидат јавни, ДИК редовно одржуваше работни сесии затворени за јавноста – се додава во извештајот.

Според ОБСЕ/ОДИХР, процесот на ажурирање на избирачкиот список се покажал како комплексен, методолошки предизвикувачки и што бара многу ресурси.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР почна со работа на 31 март, а прекина на 1 јуни по одложувањето на изборите на 5 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...