This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Aug 20 12:21:50 2018 / +0000 GMT

Ѕанакопулос: Топката сега е на теренот на нашиот сосед




Топката во моментов е на теренот на нашиот сосед, кој ќе треба и во практика да покаже дека е промената реториката на Владата што може да доведе до опипливи резултати во односите на двете земји, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

Во врска со различните позиции на Скопје и Атина во однос на промената на македонскиот Устав, што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Ѕанакопулос за радиото „Алфа 989“ рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.

- Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение - рече Ѕанакопулос.

Post date: 2018-02-13 11:39:31
Post date GMT: 2018-02-13 10:39:31
Post modified date: 2018-02-13 11:39:31
Post modified date GMT: 2018-02-13 10:39:31

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com