Во 13 часот денеска, грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина има средба со Вартоломеј. Во светлина на последните настани со писмата на македонскиот премиер Зоран Заев и на Светиот синод до Вселенската патријаршија, оваа, инаку протоколарна средба добива ново значење.
Во врска со преговорите околу името од Атина велат дека „тие чекаат Заев да се јави“, како и дека „тој треба да ги прифати или не условите, а дека ним не им се брза“.
– Грчката страна чека на Зев да го направи решавачкиот чекор за да дојдеме до договор. Топката е на нивен терен – рече владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос, а пренесуваат грчките медиуми.
Тој не ја исклучува можноста до тој телефонски разговор да дојде уште денеска но, како што рече, „прашањето е дали Заев е подготвен да потпише“.