fbpx

Ѕанакопулос: Многу имиња се најдоа на маса, немаме стигнато до конкретно решение

-

Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна.

Ѕанакопулос, вели дека многу имиња се нашле на маса, но дека двете страни се уште не стигнале до конкретно име.

– Многу имиња се најдоа на преговарачката маса. Во овој момент, не можам да кажам нешто повеќе. Сѐ ова се однесува на суштинската содржина на преговорите, кои треба сите да ги почитуваме дека не може да бидат предмет на јавна дискусија. Повторно ви велам, многу имиња се најдоа на маса. Во овој момент, немаме стигнато до нешто – вели Ѕанакопулос во интервјуто.

Во однос на тоа дали е можно до средината на јуни да се постигне решение, грчкиот министер и владин портпарол вели дека не сака да дава предвидувања за исходот на преговорите.

– Она што е сигурно е дека постои политичка волја. Сепак, како што кажа и премиерот, имаме уште пат да изодиме за да стигнеме до заемено прифатлив договор. Така функционираат преговорите. Не можеш да го предвидиш успешниот исход. Секако, можеш да работиш во оваа насока. И ова, Ве уверувам дека го прави грчката влада, со чувство на одговорност за решавање на едно прашање што ја измачува нашата земја, но и поширокиот регион, над 30 години – додава Ѕанакопулос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...