This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Jun 23 14:11:41 2018 / +0000 GMT

Ѕанакопулос: Договорот е неопходен политички и дипломатски компромис




Станува збор за политичка победа бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години, вели портпаролот на владата на Грција и министер без ресор Димитрис Ѕанакопоулос во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ и додава дека тие како влада се задоволни и горди за она што го постигнале, пренесува МИА.

- Убеден сум дека со текот на времето и оние кои не се согласуваат или изразуваат спротивставеност, ќе сфатат дека станува збор за неопходен политички и дипломатски компромис, кој и покрај тоа што е компромис, целосно ги заштитува и ги гарантира интересите на нашата земја - рече Ѕанакопулос и додаде дека вчера беше направен многу важен чекор за стабилизација на поширокиот регион на Балканот.

Во однос на обвинувањата од опозициската Нова демократија, Ѕанакопулос рече дека Мицотакис можеше да одбере критика поврзана со суштината на договорот.

- Премиерот и министерот за надворешни работи имаат надлежности за да потпишат меѓународни договори. Ако Мицотакис се сомнева во тоа дали владата има доверба од парламентот, не му преостанува ништо друго освен да достави предлог за гласање на недоверба на владата. Зошто не го стори тоа? - рече Ѕанакопулос во однос на критиките од лидерот на Нова демократија дека владата нема „правен легитимитет за да го потпише договорот“.

Post date: 2018-06-13 14:03:40
Post date GMT: 2018-06-13 12:03:40
Post modified date: 2018-06-13 14:03:40
Post modified date GMT: 2018-06-13 12:03:40

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com