fbpx

Заменик-командир спречил полицаец да фати еден од напаѓачите на новинарите

-

Заменик-командир на полициска единица во состав на СВР Скопје спречил колега – полицаец во обидот да фати еден од насилниците кои ја нападнаа новинарската екипа на порталот „А1он“, додека известуваше од протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, објави „Телма“, повикувајќи се на полициски извори. Полицаецот, според информациите, подготвил и службена белешка за настанот.

По нападот на новинарската екипа, еден од полицајците кој бил во близина, тргнал по еден од насилниците, кои се дале во бегство, во обид да го фати. Но, во тие моменти заменик-командирот на единицата во состав на СВР Скопје, му наредил да ја прекине потерата и да се врати кај повредените новинари.

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во телефонски разговор за „Телма“ потврдил дека слушнал за ваков настан и дека бараат дополнителни информации за да се одлучи дали ќе биде поведена дисциплинска постапка против заменик-командирот на полициската едницата која не е униформирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...