fbpx

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска во Македонија

-

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска ќе престојува во посета на Скопје. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата на Македонија, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов.

Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.

Според најавата од Стејт департментот, заменик-државниот секретар на САД во Скопје ќе разговара за регионалните прашања и ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите и спроведувањето на Договорот од Преспа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...