fbpx

Заложничка криза во Москва – еден убиен и тројца ранети

-

Едно лице е убиено, а три се ранети во пукање во московската кондиторска фабрика „Маншевик“. Убиецот земал неколку лица за заложници.

Новинската агенцијата „РИА новости“ наведува дека директорот на фабриката, која се наоѓа во југоисточниот дел на Москва, влегол во фабричкиот круг, го убил чуварот и ранил три лица, а сега со пиштол в рака се шета во зградата на фабриката, додека неколку лица држи како заложници.

Некои московски медиуми објавија дека директорот на фабриката го застрелал својот деловен ривал.

Според некои извори, пукањето во фабриката во југоисточниот дел на Москва уште трае. Околу фабриката е поставен кордон, а распоредени се и специјални единици. Полицијата во моментов се обидува да воспостави контакт со убиецот, кој засега, како што јавуваат медиумите, нема изнесено никакви барања.

Телевизијата „Маш њуз телеграм“наведува дека меѓу повредените е и судски извршител, кој дошол во фабриката за да ги реши финансиските проблеми на компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...