fbpx

Заложничка драма во судот во Истанбул, киднапиран јавниот обвинител

-

Левичарската турска група ДХКП/Ц го држи како заложник обвинителот кој работи на случајот со 15-годишното момче кое почина откако полицијата со гас ги нападна демонстрантите.

Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван доби тешки повреди за време на минатогодишните антивладини протести.

Турскиот премиер свика итна средба со министерот за внатрешни работи, на која треба да се одлучи за следните чекори. Полицијата упаднала во судот. Киднаперите се од ултралевичарската турска Револуционерна народна ослободителна партија – Фронт (ДХКП/Ц). Тие со пиштол вперен во главата го држат обвинителот Мехмет Селим Кираз и објавуваат фотографии на интернет.

Повеќето Турци се незадоволни од тоа како полицијата го решава случајот Елван. Сега, групата, на својата интернет-страница повикува полицаецот кој е виновен за смртта на момчето да го признае своето злосторство на телевизија во живо. Тие, исто така, бараат полицајците кои се инволвирани во инцидентот да се соочат со „судот на народот“, а власта да ги отфрли сите обвиненија против демонстрантите кои протестираа заедно со Елван.

Таткото на починатото момче ги повика киднаперите да го ослободи обвинителот.
– Син ми е починат, обвинителот треба да биде ослободен – изјавил таткото на Елван.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...