fbpx

Заложничка драма во Сиднеј, припадник на ИСИС киднапира 40 лица

-

Неименуван вооружен маж зароби 40 лица во кафуле во Сиднеј, над кое постави црно знаме на Исламска држава.

Тензијата во еден од најголемите градови во Австралија трае повеќе од шест часа, а најмалку пет лица успеале да побегнат од објектот.


Телевизиската куќа „Скај њуз“ јавува дека киднаперот тврди оти поставил четири бомби, две во кафулето, а две во квартот.

https://www.youtube.com/watch?v=zO91cOh8lpQ

Претставникот на „Линд“, франшиза во чие кафуле се случи инцидентот, наведува дека најмалку 30 гости биле во објектот кога упаднал вооружениот маж, напоменувајќи дека во моментот на работното место биле 10 вработени.


Просторот околу кафулето е целосно опколен со полиција, а воздушниот сообраќај над Сиднеј е затворен за да се обезбеди простор за маневрирање на хеликоптерите на полициските единици.

Снимките на една локална телевизија ги прикажуваат заложниците како стојат со кренати раце, а наводно еден од нив објавил „твит“ во кој ја повикува полицијата да биде внимателна.

Заробените биле принудени да подигнат знаме со арапски симболи, идентични на оние што ги користат припадниците на ИСИС, а полицијата наводно стапила во контакт со киднаперот.

Вашингтон наредил евакуација на Амбасадата на САД, а истото е направено и со сиднејската „Опера хаус“, откако сомнителен пакет е внесен во зградата.

„Раша тудеј“ пренесува изјава на еден од вработените во кафулето, кој имал среќа бидејќи задоцнил на работа.
– Кога дојдов пред влезната врата, видов дека е заклучена, а внатре луѓето седеа на земја. Еден човек со брада и со шапка, шеташе наоколу. Го видов и менаџерот… Многу луѓе има внатре и сите ги држат рацете на прозорците, вели вработениот.

Киднаперот се јавил во програма во живо на една радиостаница и побарал да разговара со премиерот Тони Абот.
Радијскиот водител Реј Хадлиу истакна дека неколку киднапирани се обиделе да контактираат, но дека одбил да разговара за да не ја загрози нивната безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...