fbpx

Заложбите за фискална консолидација и за транспарентност на буџетот, поздравени од ЕК

-

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретнал со делегација на Европска комисија, предводена од амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

„Посебен осврт беше даден на донесување на стратегија за управување со јавни финансии, за што ЕК ги поздрави заложбите на Министерството за финансии за што поскоро донесување на овој значаен документ, каде приоритет ќе бидат фискалната консолидација и транспарентноста во објавувањето на буџетските податоци. Воедно, ЕК продолжува со поддршката во насока на почнување на нов циклус за подготовка на програмата за економски реформи, која е еден од носечките документи во претпристапниот процес на Македонија“, се вели во соопштението на Министерство за финансии.

Тема на средбата, како што информираат од министерството, биле и идните приоритети и реформи што треба да ги спроведе Македонија во насока на евроинтегративните процеси.

Било дискутирано и за подобрување на координацијата, со што би се зголемило ползувањето и искористеноста на европските (ИПА) фондови во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...