fbpx

Законот за употреба на јазиците со 9 гласа „за“ помина и во Комисијата за политички систем

-

Предлог-законот за употреба на јазиците денеска со 9 гласа „за“ и 6 „против“ помина во собраниската Комисија за политички систем. Пратениците на владејачкото мнозинство гласаа за законот, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа против.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ евентуалното усвојување на овој закон ќе значи целосна двојазичност и федерализација на Република Македонија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека овој закон е неуставен и дека ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, а ќе доведе и до дискриминација на помалите етнички заедници.

Африм Гаши од Беса порача дека решавањето на овој проблем е од државен интерес и дека употребата на албанскиот јазик како службен ќе ја зајакне стабилноста на државата, ќе се зближат граѓаните и тоа ќе биде добро за целото општество.

Предлог-законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната седница на Собранието на Република Македонија. Пратениците од опозицијата побараа да се тргне оваа точка од дневен ред, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја стави точката на гласање, но не го доби потребното мнозинство за да се усвои.

Законот за употреба на јазиците пред една недела го помина првото читање и во собраниската Комисија за европски прашања, каде пратениците со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ од вкупно 18 членови, го усвоија заклучокот дека законот е прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ и дека треба да се даде на понатамошно читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...