fbpx

Законот против „бомбите“ веќе е на второ читање!

-

Предлог-законот за забрана на „бомбите“ на опозицијата на веб-страницата на Собранието осамна веднаш на второ читање, иако денеска штотуку беше најавен.

Од Собранието ни соопштија дека законот се носи по скратена постапка и поради тоа е прескокнато првото читање и директно се оди во комисиите и на второ читање. Доколку законот не помине на комисиските расправи, тој може и да не се појави пред пратениците, велат од собраниските служби.

Предлог-законот за забрана на „бомбите“ до Собранието го доставија претставниците од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а денеска беше објавен на собраниската веб-страница во делот „примени материјали“.

Неколку часа по неговото објавување, тој е преместен во делот „второ читање“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...