fbpx

Законите усогласени, на ред е Собранието да ги изгласа

-

По речиси пет часа преговори, партиите ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и на Изборниот законик што беа договорени на 20 јули годинава.

Работните групи ги усогласија и деталите околу ад хок телото што во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите.

Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила Шекеринска, законските измени се очекува да бидат изгласани до крајот на неделата.

– Мислам дека ги усогласивме текстовите на сите закони што треба да бидат доставени до Цобранието и се надевам дека ќе добијат поддршка од пратениците. Со тоа ќе се отвори пат за одржување избори. Моите очекувања се дека најдоцна до крајот на оваа недела би требало да бидат веќе на сила – изјави Тодоров по средбата во Министерството за правда.

И Шекеринска потврди дека претставниците на четирите политички партии постигнаа начелна согласност за законите предвидени со договорот од минатата недела.

– До вечер, кога ќе ги добиеме финалните текстови, ќе можеме да кажеме дека уште еден чекор во имплементацијата е завршен и потоа партиите целата процедура ќе ја дискутираат во Собранието. Нашата цел е Македонија час поскоро да обезбеди услови за фер и демократски избори, на кои нема да одлучува власта, туку ќе одлучуваат граѓаните – истакна Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...