fbpx

Заклучоците од Тирана не се црвени линии, туку начела за разговори за влада, вели Ахмети

-

Документот што ќе произлезе од вчерашната средба во Тирана на албанските партии од Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, со албанскиот премиер Еди Рама, ќе содржи заклучоци кои ѝ се познати на македонската јавност, како што се јазична рамноправност, судски реформи и други реформи значајни за Албанците во Македонија, соопшти денеска пред почетокот на конститутивната седница на Собранието, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој истакна дека дел од заклучоците се однесуваат на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО, како и на продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

– Јас не мислам дека ова се услови, туку потреба на Македонија и во нив нема ништо дискутабилно – рече Ахмети, додавајќи дека тоа не се црвени линии без кои нема да прифати  учество во новата влада, туку дека се основни начела за кои ќе се разговара со партиите за идната влада и платформа за која ќе се разговара со мандатарот.

На новинарско прашање дали дел од барањата како услов за коалицирање во новата влада се и бинацонална држава и менување на Уставот, Ахмети рече дека такво нешто не видел во документот од Тирана, кој наскоро ќе биде објавен. Сепак, тој избегна да одговори дали ако не се прифатат барањата на Албанците во Македонија, нема да се формира влада.

Ахмети, на прашањето дали политиката на албанските партии се крои во Тирана, рече дека ниту Албанија, ниту Косово ја создаваат политиката на Албанците во Македонија бидејќи албанските партии во Македонија имаат сопствени цели и програма. Сепак, истакна дека секоја помош со истомислениците е добредојдена, како и од меѓународната заедница.

Според лидерот на ДУИ, албанскиот премиер Еди Рама не е главниот обединител на Албанците во регионот, но оти ги олеснил работите.

На вчерашната средба со Рама не присуствуваа претставници од ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...