fbpx

Захарова: Западните земји по секоја цена сакаат да ја внесат Македонија во НАТО

-

Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва.

Како што пренесува ТАСС, Захарова изјавила дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“.

Позицијата на Русија, според Захарова, останува принципиелна и непроменета, а тоа е долгорочно решение за проблемот може да најдат самите земји, без мешање и притисоци однадвор, бидејќи се покажа дека тоа не функционира.

– Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи, тогаш не смееме да агитираме „за“ и „против“, доколку зборуваме за референдуми. Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи и почитување на законот, вклучувајќи ги и меѓународните, тогаш првиот човек на еден блок од држави не смее да говори за одлука што треба да ја донесе парламентот на една земја – изјави портпаролката на руското МНР.

Таа, исто така, кажа дека е изненадена од наодите на комисијата на ОБСЕ, што го следеше одржувањето на референдумот во Македонија.

– Големата пропагандна кампања на Западот се претставува на позитивен начин. Тоа не е нормално. Што ќе се случеше доколку Москва ги повикаше Македонците да гласаат? Тоа веднаш ќе се сфатеше како мешање во внатрешни работи. Ова не се само двојни стандарди, туку злоупотреба на социјални правила и норми – додаде Захарова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...