fbpx

Захарова: Единствена закана за регионот е косовската армија обучена од НАТО

-

Со тоа што ќе стане членка на НАТО, Македонија ќе ја изгуби својата способност да ја следи својата надворешна политика како суверена држава, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, за време на вчерашниот брифинг со новинарите.

Според неа, нејасно е од кого НАТО би ја штитело државата и оцени дека единствената опасност во регионот е армијата на Косово.

– Единствената сериозна вооружена сила која го дестабилизира регионот е армијата на Косово, создадена од поранешните албански милитанти. Не гледаме други закани за безбедноста и во врска со тоа се запрашавме: дали НАТО повторно ќе се бори со оние што ги обучи и ги вооружуваше? Ние веќе ја видовме оваа конструкција во земјите од Блискиот Исток и Северна Африка. Прво ги вооружуваа, а потоа се бореа со терористите и милитантите. Најпрво создадоа услови за појава на терористи, каде што никогаш ги немало, а потоа потрошија милијарди пари и напори за спречување на ширењето на терористичката закана, не само во регионот, туку и во светот – рече Захарова.

Таа вели дека е тешко да се каже каква реална предност ќе добие Македонија од членството во НАТО.

– Всушност, ќе мора да плати со зголемување на трошоците за одбраната, со учество во воени операции што немаат никаква врска со интересите на македонскиот народ и со губење на способноста да спроведува суверена надворешна политика – изјави Захарова на брифингот во Москва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...