fbpx

Загадувањето е последица на децениската погрешна политика, тврди ЛИДЕМ

-

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија поддржана од минатата власт доведе до енормна загаденост и лош квалитет на воздухот, обвини денеска Либерално-демократска младина (ЛИДЕМ).

Од ЛИДЕМ наведуваат дека негрижа за основното човеково право, запишано и во Уставот на Република Македонија, правото на заштита на животната средина, нѐ направи сите жртви на децениската погрешна политика.

Во соопштението се наведува дека ЛИДЕМ дава поддршка на политиките и заложбите на централната и локалната власт за подобрување на моменталната состојба, и оти нудат помош во реализацијата на тие политики.

Подмладокот на партијата предлага строга имплементација на легислативата за здрава животна средина и против загадување на воздухот, поголема контрола на горењето отпад во депониите и засилени казни за непочитување на наложените мерки, како и поголема контрола во фабриките во Скопје и околината, повисоки казни за непочитување на стандардите за заштита на животната средина.

ЛИДЕМ исто така бара промовирање алтернативни, незагадувачки форми на греење, активно вклучување во процесот на подигнување на свеста кај граѓаните за употреба на јавниот превоз, велосипедите и други форми на превоз кои не придонесуваат кон натамошно загадување, рециклирање на отпадот, воведување на итен мораториум на сечата на дрва и намалувањето на зелените површини во главниот град, едукација на населението за животната средина, како и повисок степен на соработка на државните институции, приватниот сектор и граѓанските организации во полето на заштита и унапредување на животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...