Заев: Законот за јазиците треба да се донесе оваа недела


       
Скопје, 12 март, 2018 - 10:26 (META) 

Оваа недела треба да се донесе Законот за јазиците, рече претпладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

– Знаете дека 9 месеци е отворена дебатата, и за мене прашањето за Законот за употреба на јазиците е затворено и тој треба што поскоро да се донесе. Порано се носеа вакви закони со завршување на парламентарните избори, пред изборот на владата. Сега е поинаку, девет месеци е отворена дебатата. Сите кажаа сѐ што имаа да кажат. Тоа е едно уставно право што не е реализирано. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација, и ќе видиме сите дека не е нешто што е тешко или болно, туку ќе ни помогне сите заедно подобро да се разбираме. Владата е стабилна и мнозинството во Парламентот расте и ќе расте. Еве, уште се разговара, но оваа недела треба Законот за јазиците да се донесе – рече Заев.