fbpx

Заев: Заедничкиот настап на економски план ќе ги привлече инвеститорите во нашите земји

-

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска од албанскиот град Драч ја поздрави соработката меѓу земјите од Западен Балкан и порача дека очекува конкретизирање на активностите за реализација на Акцискиот план од Трст за олеснување на економската соработка меѓу државите.

– Сега клучен приоритет е да се изгради регионална економска област, да се зајакне економскиот раст и да се создадат работни места за граѓаните. Регионалната економска интеграција не е алтернатива на евроинтеграциите за земјите од Западен Балкан, туку само корисен додаток – оцени Хан.

Заменик претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, ги поддржа напорите на земјите од Западен Балкан за зајакнување на економската соработка истакнувајќи дека тоа ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во државите.

Премиерот Зоран Заев истакна пораката од денешната неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан е дека постои политичка посветеност за интензивирање и продлабочување на регионалната и економската соработка.

– Заедничкиот настап на економски план на државите од регионот пред Европа ќе значи создавање поголем пазар и поголем интерес за инвестирање во нашите држави, а со тоа и нови инвестиции и нови работни места на нашите граѓани – рече Заев.

Тој истакна дека земјите од Западен Балкан се насочени мир и заедничка иднина во евроатлантските интеграции.

– Нашите земји се пријателски и како пријатели мораме да си помагаме и заедно да градиме патишта кон ЕУ – рече Заев.

Неформалниот состанок во Драч се одвива во неколку работни сесии посветени на олеснување на движењето на луѓе и на стоки, транспортна ефикасност и предвидливост, трговската соработка, како и проекти кои треба да водат кон интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) бил исклучиво свртен кон Русија

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак,...