fbpx

Заев за „Вечерњи лист“: Иванов е должен да го почитува гласот на 700.000 граѓани

-

„Очекувам претседателот на Собранието да биде набргу избран и да го извести Ѓорге Иванов дека во согласност со Уставот е должен веднаш да ми го даде мандатот. A потоа уверен сум дека новата влада ќе биде составена во многу покус рок отколку што предвидува Уставот и дека многу побргу ќе излезам со составот на новата реформска влада“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Вечерњи лист“.

Заев во интервјуто за хрватскиот весник објаснува дека „наспроти непринципиелноста на Иванов, кој го крши Уставот, се прават сите прави напори за институционална разврска на кризата“.

– Правиме сè што можеме, на Ѓорге Иванов, кој го крши Уставот и излезе со двојни стандарди околу давањето на мандатот, преку почитување на институциите да му ги разбиеме сите изговори и низ законска и уставна процедура да мора да ми го даде мандатот за формирање влада. Првиот чекор што го направив за да ја разбијам лагата за некакво сценарио спротивно на државните интереси на Македонија, беше минатиот петок кога ја објавив програмата на новата реформска влада на граѓаните на Македонија, која ги гарантира унитарноста и суверенитетот на државата, перспективите на Македонија во ЕУ и во НАТО, владеењето на правото, економски развој и социјална кохезија. Тоа се клучните приоритети за сите граѓани на Македонија, независно од каква било различност – вели, меѓу другото, во интервјуто за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...