fbpx

Заев за прогласувањето Војска на Косово: Не се потребни нови тензии

-

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска, по изгласувањето на трите закони во парламентот на Косово со кој се прави трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, порача дека во овој момент на регионот не му се потребни нови тензии.

-Јас знам дека и ставот на НАТО е тој: Не е време! Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да не забораваме дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут – рече Заев.

Апелираше до своите колеги – премиери, но и до претседателите на земјите од Западен Балкан, да внимаваат на своите чекори.

– Да ја унапредиме економската соработка, да постигнеме траен мир, раст, развој и членство во ЕУ – порача Заев по националната конференција за децентрализација.

Инаку, владата на Косово им го честиташе на своите граѓани формирањето на војската на Косово, воедно порачувајќи му на НАТО дека од денеска таа организација се стекнала со еден верен и посветен сојузник.

Соопштението од кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај уследи по денешното изгласување на законите со кои Косово доби војска, како и по реакцијата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој изрази жалење што косовската војската се формира „и покрај загриженоста“ на Алијансата поради „избрзаната одлука“ на Приштина.

Според Владата на Косово, право на оваа држава е да има војска, „една мултиетничка и професионална сила изградена според стандардите на НАТО“.

„Владата на Косово цени дека правото на Косово за војска, за една мултиетничка и професионална сила изградена според стандардите на НАТО, извира од жртвите и слободата, од правото на државата, од суверенот, граѓанската волја за да се брани и да ги промовира прозападните вредности во Косово и пошироко. Косово е НАТО и НАТО е Косово. Во тоа никој да не се сомнева“, се вели во владиното соопштение.

Владата на Харадинај гарантира дека косовската војска, „заедно со сојузниците од НАТО, ќе биде единствено во служба на демократијата, безбедноста, мирот и развојот на Косово, регионот и каде и да е потребно“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...