!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Заев: За проблемот на секој граѓанин, ако треба цела држава ќе помогне


       
Берово, 29 септември, 2017 - 21:52 (META) 

Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне. Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради. Што ќе кажат граѓаните, тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Берово.

– Ќе изградиме отворени општини, граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари. Не може да нема асфалт во селата. Ќе има рамномерен регионален развој во Македонија. Локален економски развој значи локални производствени капацитети. Целта мора да биде луѓето да имаат повеќе пари во местото каде живеат. Ако луѓето имаат пари, ќе останат да ни живеат во Македонија – рече Заев.