fbpx

Заев: За младите ќе направиме студентски град во Скопје

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје се сретна со студенти пред кои промовираше мерки за младите што, како што посочи тој, СДСМ ќе ги реализира откако ќе дојде на власт.

– Денеска ја претставивме мерката за студентскиот град во Скопје, со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес-сали, кино-сали, библиотеки, ресторани, и сето она што е од интерес на нашите студенти, воведувањето на бесплатен интернет во студентските домови, но истовремено и студентска картичка за користење на јавните услуги, како што е и превозот. Зборувавме за младинската гаранција и за директно помагање од државата за нивното тренирање или практично подготвување за влегување во работа во првите шест месеци по завршувањето на образовниот процес – рече Заев.

Тој додаде дека овие мерки претставуваат еден мал дел од она што СДСМ го има предвидено за да им го олесни животот на младите во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...