fbpx

Заев за грчка „Алфа ТВ“: Решение за спорот со името до јули, црвените линии се пречка

-

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката „Алфа ТВ“ рече дека постои можност за изнаоѓање на решение за спорот името до крајот на првата половина во 2018 година и вели дека тоа мора да биде прифатливо од двете страни.

– Убеден сум дека постои решение и редот е секако тоа решение за граѓаните на Грција да го соопшти премиерот Алексис Ципрас, а јас на моите граѓани овде да им го соопштам решението. Но, верувам дека постои можност до крајот на првата половина од 2018 да изнајдеме решение, коешто дефинитивно ќе ја унапреди соработката меѓу нашите две земји и кога конечно, јас ќе можам да кажам како премиер на мојата земја, дека стекнавме уште еден голем сојузник, а тоа е нашиот јужен сосед – рече Заев во интервјуто.

Запрашан за црвените линии, Заев вели дека ако постојат црвени линии тие би биле само кочници во изнаоѓањето на решение.

-Наша црвена линија е линијата која свети силно како водилка по патот за да дојдеме до конечно решение – вели Заев.

Тој во интервјуто изрази уверување дека опозицијата во Македонија ќе даде позитивен придонес во изнаоѓањето на решение со Грција, истакнувајќи ја потребата заеднички да го решаваат ова прашање.

Заев изрази желба да се сретне со министерот за одбрана Панос Каменос и претседател на најголемата опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, но како што потенцираше, по средбата со премиерот Алексис Ципрас за кој рече дека веруваат во исти вредности.

– Може Господ така сакал да се родиме во иста години за да можеме токму ние лидерите да решиме еден суштествен проблем кој постои помеѓу нашите две земји – вели тој.

Во интервјуто, Заев вели дека власта е подготвена да разговара за преименувањето на аеродромот во Скопје, со што, како што рече, ќе се покаже неговото пријателство со Грците и повтори дека Македонија не е единствен наследник на Александар Велики

-Јавно го кажав тоа, бидејќи повеќе сакам да верувам во иднината на нашата држава отколку да бидеме вкоренети со предрасудите од минатото, затоа што знам дека Александар Велики ќе биде еден елемент што ќе нè обедини, а не елемент на поделба – додава Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...