fbpx

Заев во Софија на конференција посветена на регионалната интеграција на Балканот

-

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески, денеска во Софија ќе учествува на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, во организација на Светска банка.

Фокусот на конференцијата, што ќе ја отворат бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и главната извршна директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, ќе биде на регионалната соработка и на динамиката на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во регионот, интензивирање на трговијата, како и на регионални ИТ и технолошки кластери за отворање перспективи за приватниот сектор.

На конференцијата во Софија ќе учествуваат и премиерите на Србија и на Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вицепремиерот и министер за трговија на БИХ, Мирко Шаровиќ, како и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...