fbpx

Заев: Во прашање се денови кога ќе се случи разговорот со Ципрас

-

Во прашање се денови да се случи телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, и во моментот се уште се создаваат околностите за да се реализира тоа, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на завршната конференција на проектот „Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добор владеење?“

Во врска со изјавата на Коѕиас дека во игра се три предлози – Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен.

– Да не избрзуваме со детали за тоа, се уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор. Денови се во прашање. Откако ќе се случи, граѓаните ќе бидат информирани за тоа и за неговата содржина – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...