fbpx

Заев во официјална посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со Борисов

-

Премиерот Зоран Заев, во рамките на неговата официјална посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија.

Тие, како што информираат од Владата, ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

„Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Бугарија, Боил Баново. За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ помеѓу Бугарија и Македонија“, се вели во соопштението на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...