fbpx

Заев во Лондон учествува на инвестициски самит за Западен Балкан

-

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска учествува на промоцијата на „Регионалната инвестициска платформа“ на инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што денеска се одржува во Лондон.

„Регионалната инвестициска платформа“, која ќе ја раководи секретаријатот на ЕБОР, има за цел да го интензивира интересот и приливот на странски инвестиции во земјите од Западен Балкан.

Идејата зад оваа иницијатива е да ги понуди потенцијалите на регионот, но и на секоја земја одделно, во рамките на нивните обединети капацитети, како пазар со повеќе од 20 милиони жители.

Новата „Регионална инвестициска платформа“ ќе ги застапува предностите на регионот пред странските инвеститори и ќе ги обедини сите олеснувања и можности за нови странски инвестиции од регионален карактер.

Првите луѓе на владите на земјите од Западен Балкан по тој повод одржаа и заедничка прес конференција. Заев истакна дека борбата против корупцијата е приоритет во политиките на владата и дека политиките со справување со оваа појава ќе продолжат да се имплементираат со поголем интензитет.

Во однос на енергетското поврзување, премиерот Заев нагласи дека Македонија ќе соработува со сите земји во регионот на ова поле и оваа област е една од најпредизвикувачките од повеќегодишниот акционен план на регионалната економска соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...