fbpx

Заев во Давос ќе се сретне со Ципрас, Хан и ќе учествува на панел-дискусии

-

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија и утре ќе се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а в петок (26 јануари) со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Истиот ден во агендата на премиерот Заев е и средбата со директорката за Европа на Светскиот економски форум, Мартина Ларкин.

Во текот на престојот во Давос, Заев ќе ги проследи специјалните обраќања на францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, британската премиерка, Тереза Меј, премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху и германската канцеларка Ангела Меркел.

Премиерот Заев ќе учествува во панел дискусии и работни средби со економски лидери од светот и со други високи гости од регионот, ЕУ и САД на следниве теми: Новите лидери на Европските средби (New Leaders for Europe meeting), Креирање на споделена иднина во поделениот свет (Creating a Shared Future in a Fractured World), Прозорец на можности за Европа (A Window of Opportunity for Europe), и Забрзување на долгорочниот развој на Западен Балкан (Accelerating the Long-term Development of the Western Balkans).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...