fbpx

Заев: Во Брисел сме за да ја убедиме ЕК дека заслужуваме препорака за преговори во 2018

-

Дојдовме со аргументи дека се создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Твитер“, на почетокот на дводневната посета на Брисел.

Тој истакнува дека Владата ќе продолжи да ги спроведува реформите и волјата на граѓаните, но и да го убедува Брисел следната година да даде препорака за почеток на претпристапните преговори со ЕУ.

„Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и со несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за почнување преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година“, напиша Заев на „Твитер“.

Заев за време на дводневната работна посета на Брисел ќе се сретне претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, како и со комесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...