fbpx

Заев вети поголема најниска плата, пари за фирмите и 64.000 нови работни места

-

„Битката што ја почнавме е преголема и преважна да ја водиме сами. Затоа секој е важен. Секој е потребен, секој има идеја, план. Секого ќе ислушаме и ќе прифатиме. Граѓаните го испишаа нашиот план и за тоа сум им благодарен. Од денеска ги отвораме вратите. Од денеска секој штаб мора да ги отвори вратите за граѓаните“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од говорницата на конгресот на СДСМ.

Тој рече дека најниската плата е 9.000 денари и уште од првите шест месеци од новата влада тоа мора да се промени. Заев вети дека најниската плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари, а ако мандатот новата влада не го заврши со најниска плата од 16.000 денари, тогаш не смее повеќе да се јави пред граѓаните.

Тој најави помош за сите фирми, кои, според него, доколку работат добро, и граѓаните ќе имаат корист.

– Ако имате платен и мотивиран работник кој не носи вреќа со проблеми, и успехот на компанијата ќе биде поголем. Во првиот месец од зголемување на платата, ќе има парична помош за фирмите, не да чекаат, туку веднаш, да може да работат и да имааат плата. Ќе имаат веднаш поврат за исплатена бруто-плата – рече Заев.

Зборувајќи за планот за развој на земјоделството, Заев рече дека и тој се занимавал со земјоделство, но дека со сегашната даночна политика повеќето земјоделци го плаќаат овој данок. Сепак, тврди Заев, ќе ги задржи земјоделците во руралните средини, младите земјоделци до 35 години ќе ги ослободи од закуп на државна земјиште и ќе формира инвестициски фонд.

Заев најави дека СДСМ ќе обезбеди 22 милиони евра за активни мерки за вработување, а сумата ќе се зголемува секоја година за на крајот од мандатот на следната влада да биде 33 милиони евра. Тој вети 64.000 нови работни места за еден мандат.

Поранешниот известувач за Македонија, пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит, смета дека глас за СДСМ на следните избори е глас за иднината на граѓаните.

– Глас за СДСМ претставува глас за образование, глас за работни места, глас за подобрување на животниот стандард, глас за партија која сака да ги зближи граѓаните без разлика на нивните различности – порача Ховит, дополнувајќи дека е горд на начинот на кој лидерството на СДСМ се справило со политичката криза во Македонија.

Европскиот пратеник апелираше и до сите партии да се држат до договореното од Пржино за да се истражат индициите за злоупотреби бидејќи, како што вели, Европа сака да биде партнер на земја која ги споделува заедничките вредности.

Пратеникот на Кралството Шведска, Кен Хорстет, на Конгресот се осврна на моделот според кој неговата земја е една од најбогатите во светот денеска.

– Успеавме бидејќи не оставивме никого зад нас, тоа е духот на социјалдемократите и затоа денес сме една од најбогатите земји. Стоиме зад СДСМ, стоиме зад Специјалното јавно обвинителство, не смее да има притисок во истрагите на СЈО – порача Хорстет.

Зборувајќи пред присутните, пак, заменик генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти, Џакомо Филибек, иронично порача дека контроверзниот Силвио Берлускони во споредба со експремиерот Никола Груевски е аматер.

– Видов во минатото многу пари потрошени на непотрбни работи. Скандалот со прислушувањето покажа дека институциите кои треба да ги штитат правата на граѓаните – самите ги прекршиле. Тоа не го очекувавме од една европска земја. Силвио Берлускони е аматер во споредба со Никола Груевски – рече во својот говор Филибек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...