fbpx

Заев: Верувам дека пратениците од ВМРО-ДПМЕ ќе се исправат пред историската одговорност

-

Заедно со премиерот Алексис Ципрас остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот телефонски разговор со својот грчки колега по оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас. Заев денеска присуствуваше на одбележување на 20-годишнината од постоењето на Штедилницата „ФУЛМ“, во неговото родно село Муртино.

Премиерот додаде дека Ципрас го информирал за случувањата кај нив и дека тој останува посветен на договореното и дека је презема и функцијата министер за надворешни работи за да гарантира дека ќе се реализира Договорот од Преспа.

– Јас сум среќен заради целосната посветеност на Република Грција кон овој Договор. Можам да ја потврдам и нашата целосна посветеност. Негувам надеж дека утре парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред се, се претставници на граѓаните, а потоа на политичките партии и ќе се исправат пред историската одговорност, пред оваа непропустлива шанса за Македонија. Конечно да дадат пас за потврдување на потребата за отворање на уставни промени – рече Заев.

Објасни дека потоа ќе следува нацрт на уставните амандмани, по кои ќе се дискутира, ќе се одобрат, па ќе има јавна дебата и на крајот е гласањето за самите уставни амандмани.

На новинарско прашање како ќе успее да го обезбеди двотретинското мнозинство, претседателот на македонската влада рече дека е верник и дека некогаш чуда се случуваат.

– Дебатата е отворена и навистина прифативме многу иницијативи кои дојдоа од пратениците. Јас сум подготвен и понатаму да разговарам за иницијативите од самите пратеници во функција на тоа што е произлезено како дополнителна грижа од преговарачкиот процес, од прогласувањето на договорот, од кампањата за референдумот, а тоа е да најдеме начин да го зацврстиме идентитетот, да го потврдиме јазикот, да го гарантираме тоа што го правиме дека ќе биде исполнето од грчка страна, да ја гарантираме европската иднина на Македонија. Но, еве мое очекување е и во тоа верувам, дека до утре ќе соберат сили – вели Заев.

Запрашан за помирувањето и дали неговиот глас допрел до Кривичниот совет кој укина мерки на претпазливост кон обвинети за настаните од 27 април, премиерот Заев одговори дека разговарал со Министерството за правда за да праша дали е тоа поради неговиот повик за помирување или поради нешто друго.

– Дефинитивно луѓето си имаат обезбедено гаранција и откако ги поднеле во оваа фаза на процесот судот одлучил да ги прифати. Не ги знам ставовите на обвинителството и судовите, но мене ми е драго луѓето што излегуваат од притвор –додаде премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...