fbpx

Заев веќе не е сигурен дека спорот за името може да реши во 2018 година

-

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прецизира дали спорот за името ќе се реши во текот на 2018 година, бидејќи разговорите се на самиот почеток.

– Владата уште од првиот момент го подготвува теренот за наоѓање решение преку градење на пријателство со сите наши соседи, вклучувајќи ја и Грција. Постои пријaтелска атмосфера и позитивен момент, но уште нема никакви детали за почеток на какви било развојни моменти што би довеле до решение. Досега сме на она ниво што значи позитивни услови од двете страни. Се надевам во вистинскиот момент, онака како што личи, под посредништво на Метју Нимиц ќе се одвиваат работите, но не кон одложување на решението или блокирање, туку кон наоѓање решение – рече Заев, одговарајќи на заедничката прес-конференција со солунскиoт градоначалник Јанис Бутарис.

Во однос на одложувањето на средбата на преговарачките тимови со Метју Нимиц, Заев рече дека не станува збор за нова пречка, туку проектираниот датум бил само желба, но поради обврски на двете страни, таа е одложена. Тој не сакаше да открива повеќе детали, бидејќи иницијатор на средбата е посредникот Нимиц.

Прашан дали власта останува на ставот за името да се оди на референдум, премиерот рече дека прашањето ќе се решава заедно со опозицијата, Собранието, претседателот на државата, македонските институции и, секако, ќе се бара мислење од граѓаните.

Солунскиот градоначалник истакна дека денешнава куртоазна посета е продолжение на средбата што ја имал со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во Солун. Тој истакна дека разговарале за зголемување на соработката на локално ниво. Прашан како таа соработка може да помогне во решавањето на спорот за името, Бутарис истакна дека најдобро е да се почне со решавање на работите од дното кон врвот.

Бутарис го поканил македонскиот премиер Заев да дојде во приватна посета на Солун и заедно да ги прослават новогодишните празници. Македонскиот премиер се заблагодари за поканата и рече дека сериозно ќе размисли Новата година да ја пречека со солунскиот градоначалник и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...