fbpx

Заев: Важно е да не бидеме обезличени дома

-

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги разговорите за прашањето за името во Грција.

Притоа, на прашањето кое име е најприфатливо, не даде директен одговор, но нагласи дека мора да се гледа реално и да се каже дека Македонија е многу поголема од денешна Република Македонија, односно денешната македонска држава го зазема само горниот, северен, вардарски дел од Македонија, а Пиринскиот дел е дел на Бугарија, а еден дел е во Грција.

– Делот од историска Македонија што е во Бугарија, ние го признаваме како бугарски и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, бидејќи Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија од кои некои се чувствуваат како Македонци и тоа е нивно право. Ние со тоа немаме никаков проблем – вели Заев.

Тој вели дека сегашната влада нема намера да се откаже од барање решение на проблемот со името со Грција и вели дека ако сега не се најде решение, ќе има повторно обиди тоа да се случи за три, шест месеци…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...