fbpx

Заев в сабота да дојде во ски-центарот, бара иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“

-

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ бара  средба со премиерот Зоран Заев и другите владини претставници кои се задолжени за развојот на зимскиот туризам. Тие бараат средбата да се одржи на Попова Шапка во сабота, во 11 часот.

Тие му порачуваат на премиерот посетата на Попова Шапка да ја реализира како обичен граѓанин, за да ги следи реалните тешкотии со кои постојано се соочуваат посетителите на овој туристички центар.

„Владата детално да ги анализира условите на Договорот со изведувачите на шестоседниот ски-лифт и да превземе одредени мерки и да се санкционира изведувачот. Бараме од Владата да формира комисија за надзор на одвивање на работите на Попова Шапка со вклучување на претставници од граѓанскиот сектор, експертите за зимските спортови и стручен кадар кој е запознат со проблематиката. Да се посвети итно внимание за да се надминат проблемите и кризата која се повторува секоја година на Попова Шапка и тоа чистење на паркингот од снег, редовно функционирање на ски-лифтовите, да се гарантира ред и мир, да се обезбеди 24-часа функционирање на амбулантата  на Попова Шапка. Бараме повеќе посветеност од Агенцијата за развој на туризам, Агенција за млади и спорт и од Скијачката федерација за да вршат повеќе притисок до надлежните институции за неуспешностите на нормалното функционирање на Попова Шапка“, изјавија денеска од иницијативата.

Од таму бараат „ЕЛЕМ АД конечно да се повлече од уништувањето кое се врши на туристичкиот центар Попова Шапка.“

Иницијаторите за спас на Попова Шапка велат дека ако надлежните институции денеска не реагираат како што треба во однос на овие барања, тогаш ќе се соочат со протести и сериозни блокади на 12 јануари во 11 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...