!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Заев – Тимоние: Потребно е да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија


       
Скопје, 12 април, 2017 - 18:01 (META) 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Од СДСМ информираат дека двајцата соговорници констатирале дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија.

На средбата било оценето дека е потребно да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија, а тоа се реформските процеси за квалитетен живот на сите граѓани и евроатлантски перспективи на Македонија.

– Никакви седнувања на заедничка маса од типот на Договор од Пржино 3, 4 и слично не се во интерес на потребниот развој на државата. Постои програма на новата реформска влада на унитарна Македонија, која е единствениот валиден документ за граѓаните и која гарантира просперитет за сите луѓе во Македонија и за државата. Груевски се обидува да се наметне како фактор, преку тоа што наметнува непостоечки теми, поттикнува провокации, но ние сме јасни, договор за амнестија нема. ВМРО-ДПМНЕ мора да прифати дека е опозиција. Следува формирање на новата реформска влада, воспоставување на правната држава и на независни институции – изјавил Заев на средбата со францускиот амбасадор Тимоние.