This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Jul 18 1:19:50 2018 / +0000 GMT

Заев: Сработивме и заслужуваме кристално чиста препорака од ЕК




Факт е дека сработивме и навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака од Брисел, изјави денеска премиерот Зоран Заев во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската Kомисија и доаѓањето во Скопје на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

– Важни ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа за нас е или охрабрување или обесхрабрување. Тоа е важно и за граѓаните и за сите вклучени во реформските процеси. После оваа препорака Македонија продолжува со реформите. И, навистина, ако биде потврдено тоа што е сработено, очекуваме да добиеме кристално чиста препорака. Верувам дека заслужено ќе ја добиеме и тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите – изјави Заев.

Како одговор на новинарско прашање тој изјави дека е се уште рано да се зборува за реконструкција на Владата и оти прво треба да бидат завршени разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство.

– Не сме дошле до таму. Јас реков дека до крајот на месецов ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозиснство. Ред е прво да видиме за колку ќе порасне и ако порасне тоа парламентарно мозинство. Согласно тоа како следна фаза би биле комбинитариките околу кадровските и персоналните решенија. Навистина се уште е рано за тоа - рече Заев.
Post date: 2018-04-16 14:57:05
Post date GMT: 2018-04-16 12:57:05
Post modified date: 2018-04-16 15:42:31
Post modified date GMT: 2018-04-16 13:42:31
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com