This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Oct 22 6:25:19 2017 / +0000 GMT

Заев со видеопорака ги повика граѓаните на нова акција со пенкало в недела




Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Зоран, преку видео-обраќање ги повика граѓаните на локланите избори в недела да ги заокружат промените и на локално ниво и да потврдат дека Македонија оди напред, кон пораст и развој.

- Бидете горди и сигурни – Македонија e слободна и слободно живее! И сега, мораме да продолжиме! Промената мора да биде целосна, затоа што на Македонија ѝ треба целосна слобода, економија, правичност и живот во секоја општина.

Вашите барања се јасни и јас ве уверувам дека нашите градоначалници ќе направат сè за да ги исполнат плановите што ги создадоа за вас: децата да бидат згрижени и да учат во топли и пријатни градинки и училишта, граѓаните да се движат по квалитетни и асфалтирани улици и патишта, да има канализација во секоја општина, да има чиста вода за пиење до секој дом, да дишеме чист воздух, затоа што нема слобода и живот без чист воздух, секој да добие навремена услуга во својата општина - вели Заев во видеопораката.

Тој уверува дека сето ова бргу ќе се оствари, дека е дојдено време на „нова политика“, во која „зборот е збор, а гласот на граѓаните е најважен“.

- Новата политика значи дека преку централната власт силно ќе ги поддржиме општините и граѓаните. Парите мора да одат на локално ниво за да направиме општини по ваша мерка, општини кои работат за вас и кои ве поврзуваат. Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија, ајде заеднички во нова акција, в недела, на 15 октомври! Знаеме како треба – со пенкало. Сите да излеземе и да го дадеме својот глас за живот во Македонија и во секоја општина. Ајде да гласаме слободно за да ги завршиме промените што заедно ги донесовме. За да живеат селата и градовите во Македонија! За да живеат граѓаните на Македонија! За да живее нашата убава Македонија - порачува Заев.

YouTube Video: YouTube.com/watch?v=QS5OjVahgE4

Post date: 2017-10-12 13:16:13
Post date GMT: 2017-10-12 11:16:13
Post modified date: 2017-10-12 13:16:13
Post modified date GMT: 2017-10-12