fbpx

Заев: Со фер и демократски избори, победуваме сите во Македонија

-

Денеска е голем ден за демократијата и за слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако гласаше на локалните избори во неговата родна Струмица, на избирачкото место 1730 во училиштето „Никола Вапцаров“.

Заев по гласањето рече дека граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантски интеграции на Македонија, едно општество за сите во Македонија, развиени економски општини и развиена економска држава.

– Јас се надевам дека поради важноста на локалните избори и големата важност на општините во Република Македонија, целиот ден ќе помине во атмосфера која е во согласност со сериозноста на овие локални избори. Пред сè се надевам на фер и демократски избори и само така сите победуваме во Република Македонија. На крајот, преку нашиот глас, преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка и за иден пораст и развој на сите наши општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните вечерва сите да се чувствуваат победници – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...